Актуелно

Шпионска афера во Србија: Руски разузнавач врбува српски агенти (видео)

Српската агенција за информации и безбедност (БИА) ја потврди автентичноста на снимката на која беше снимен рускиот разузнавач Георгиј Клебан како му дава пари на српски офицер.

Рускиот разузнавач Клебан сега е надвор од Србија, изјави синоќа Реља Жељски, началник на Управата за аналитика на Безбедносно-информативнатa агенција на Србија (БИА).

Жељски потврди за националниот сервис РТС и дека домашните безбедносни сили го знаат идентитетот на човекот со офицерски чин, како и што било предмет на трговија, но не сакаше подетално да зборува за тоа, бидејќи случајот спаѓа во „чувствителната територија на оперативното собирање и анализарање на податоци“.

Српската премиерка Брнабиќ изјави дека се истражува можната шпионска афера во која руски шпиони врбуваат српски агенти и дека подоцна денес ќе има повеќе информации за тоа.

За денес беше најавена средба на Вучиќ со рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко, но не се знае дали средбата е поврзана со овој случај и на чија иницијатива се одржува.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа средба на двајца мажи на паркинг, од каде двајцата заминуваат до автомобилот на едниот од нив. Наводниот „руски разузнавач“ му дава пластично ќесе на „српскиот агент“, кој го остава во паркираниот автомобил. Двајцата мажи потоа заминуваат во блиско кафуле, по што се разделуваат.

Advertisements
To Top