Јадранка Бибан VS Лекарска комора на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Д-р Јадранка Бибан сигурно веќе ви е позната на повеќето од вас, како едно од првите медицински лица кај нас која јавно и отворено ја промовира исхраната и нејзината важност во заштитата на здравјето и лекувањето на хроничните болести на денешницата.

Д-р Бибан е специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за превенција и лекување на болестите со храна и со здрави животни навики. Таа е еден од практикантите и поддржувачите на таканаречената „Медицина – Животен Стил“.

Јадранка пред некој ден зборуваше против вакцините во услови на епидемија на морбили во која има и смртни случаи, при што реагираа од Лекарската комора на Македонија и ијавија дека Бибан нема лиценца за работа. Според Комората, настапите на ваквите лица по својот карактер и по многу нешта влегуваат во категоријата на она што е во спротивност со сите медицински сознанија и прават огромни штети по здравјето на пациентите.

На ова се огласи и Д-р Бибан:

„ДАЛИ ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД РАМКИТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ, И ВО ЧИЈ ИНТЕРЕС СИ ГО ДОЗВОЛУВА ТОА??
За да бидам доктор јас не морам да имам лиценца за работа од Лекарската комора на Македонија, јас имам ДИПЛОМА ЗА ТОА.
Освен тоа јас немам потреба да барам лиценца за работа од лекарската комора затоа што не вршам класична лекарска дејност во ниту една приватна, ни јавна здравствена установа.
Ниту една лекарска комора мене не може да ми забрани да бидам ДОКТОР ИСТРАЖУВАЧ И ЕДУКАТОР, затоа што лекарската комора не е надлежна за тоа. Таквата дејност мене ми е овозможена од страна на високообразовна државна институција која се вика МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
Обнова на лиценцата за извршување класична лекарска дејност според правилата на ЛКМ престанав да барам уште пред 15 години, затоа што не се сложувам со начинот на кој ЛКМ ја третира лекарската дејност воопшто и заради тоа што ЛКМ не си ја извршува вистинската функција за што е формирана како организација.
Освен тоа ваквите официјални објаво од страна на ЛКМ треба да бидат потпишани од нивни официјални лица со име и презиме, со кои би сакала јавно да ги разјасниме надлежностите на ЛКМ и мене како доктор. Вака само како објава без име и презиме можно е да е лажна објава или пак можеби ја издал портирот на ЛКМ кој најверојатно нема појма за надлежностите на комората…??

ЕПА КОЛЕГИ ОД „КОМОРАТА“, АЈДЕ ЈАВНО ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ!!

Ги повикувам официјалните претставници на Лекарската Комора на Македонија на јавна дебата, на медиум кој тие самите ќе го одберат, и со број на свои претставници колку самите ќе одредат, да ги изнесат аргументите против моите ставови за состојбата во нашето здравство, со кои излегоа јавно осудувајќи ме за неиздржаност на мојот став и повикувајќи ги медиумите да ја игнорираат мојата професионалност, со цел како што наведуваат во дописот, да се заштитела јавноста од дезинформираност.

Ги повикувам и медиумите кои ја објавија реакцијата на Лекарската Комора во врска со моите ставови за состојбата во здравството кои ги изнесов во емисија на Канал 5 телевизија, да ја објават и мојата реакција на објавеното, а Канал 5 телевизија да објави јавен линк од емисијата во целост.

Д-р Јадранка Бибан

П.С. Ве молам споделувајте за да дојде информацијата до повиканите…“, напиша Бибан на Facebook.