Home Шоубизнис Дилан од „Беверли Хилс 90210“ доживеа мозочен удар

Дилан од „Беверли Хилс 90210“ доживеа мозочен удар

Американскиот актер Лук Пери, кој во светската јавност најмногу се прослави по улогата на Дилан во тинејџерскиот серијал „Беверли Хилс 90210“, бил итно префрлен во болница откако доби мозочен удар.

52-годишниот Лук Пери доживеал мозочен удар завчера. Од итната помош соопштија дека добиле повик во 9.40 часот и интервенирале во домот на Лук Пери. Не е познато кој се јавил и зошто прво биле контактирани пожарникарите, а потоа тие се јавиле во итната медицинска помош.

Според американските медиуми, кои се повикуваат на изјавата на неговиот претставник Арнолд Робинсон, Пери во моментот е на посматрање во болница.

Пери го добил мозочнуиот удар токму на денот кога телевизиската куќа „Фокс“ најави дека ќе снима продолженија од култната серија „Беверли Хилс” , во која ќе глумат речиси сите актери од оригиналната серија, додека самиот Лук не прифатил да ја игра улогата на Дилан МекКеј.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Се подготвува мјузикл за Ејми Вајнхаус на лондонскиот Вест Енд, наводно вклучен и нејзиниот татко

Животот и музиката на Ејми Вајнхаус би можеле да оживеат на лондонскиот Вест Енд. Проектот…