Ја нема на ниту една фотографија: Таа е најголемата мистерија на Хабиб Нурмагомедов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


UFC борецот Хабиб Нурмагомедов со неговата победа во борбата против Џастин Гејџиј повторно го воодушеви светот на боречките спортови, но веднаш потоа ја разочара јавноста со најавата за негово пензионирање од октагонот.

Хабиб оваа одлука ја донел на барање на мајка му, а една од причините за неговото пензионирање е смртта на неговиот татко, кој му беше тренер и важна фигура во животот.

За неговиот живот малку се знае, а речиси ништо не се зборува за неговата сопруга.

Долго време не се знаеше ни нејзиното име, но е потврдено дека се вика Патимат. Сè уште не постои нејзина слика на Интернет, а единствена нивна заедничка фотографија е од венчавката.

Познато е дека таа строго го почитува шеријатскиот закон и никогаш не излегува неоткриена. Хабиб се ожени со неа 2013 г. а љубовта потекнува од младоста. Тие двајцата се од исто село, седеле заедно во школска клупа, а од долгото пријателство се родила љубовта. Интересно е што Патимат не го сменила презимето кога се омажила зашто веќе се презивала Нурмагомедов. Таа е далечна роднина на најдобриот борец во мешани боречки вештини.

Хабиб и Патимат имаат три деца засега, а се претпоставува дека на оваа фотографија подолу е таа.