ИРЛ: „Мажот на годината“ Малиќи од државата наплатил 2,2 милиони евра преку извршител


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заменикот градоначалник на Скопје и бизнисмен Енвер Малиќи преку извршител од државата наплати 2.273.000 евра на име камати, пренесува Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) врз основа на потврда која ја добиле од Министерството за транспорт и врски.

Освен парите од каматите на Малиќи од буџетот му се вратени и 1.254.000 евра за парцели кои беа предмет на судскиот спор. Станува збор за градежно земјиште на кејот на Вардар, во близина на скопското Кале, каде требаше да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Пари од државата чека и пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими, кој заедно со Малиќи ја тужеше државата и бара раскинување на договорите за купопродажба.

Судскиот процес почна да се води уште во 2007 година кога државата ги тужеше сопствениците, бидејќи ги пробија сите рокови за градба. Но, во 2015 година се сменија улогите и тужба поднесоа газдите на земјиштето, Малиќи и Аљими, и бараа државата да им ги врати парите во вкупна вредност од 2.167.000 евра. Односно за двете парцели на заменик градоначалникот Малиќи 1.254.000 евра и за едната парцела на пратеникот Аљими 913.000 евра.

Неодамна доби уште една неформална титула и беше избран за Маж со трајни вредности и Маж со стил во 2019 година.

Целосната статија за овој случај можете да ја прочитате на ИРЛ