Иновација која вреди за поддршка: Ова чудо од воздухот произведува вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата технолошка иновација која се базира на најобичниот процес на кондензација и собира чиста вода од атмосферата има капацитет да акумулира до 41 литар питка вода, без надворешни извори на енергија, струја, емитирачи на гасови и други фактори кои штетно влијаат врз околината.

Уредот е наречен Water Seer и има потенцијал да работи вечно, без расипување, со што на генерации и генерации луѓе ќе им обезбеди вода за пиење во областите каде што климатските услови или нискиот степен на инфраструктура не овозможуваат пристап до чиста вода за пиење. Water Seer е придвижуван од обчина ветерна турбина и лесно може да биде првиот чекор кон одржлива и трајна солуција за снабдување со питка вода во областите каде што тоа е сериозен проблем.

30-11-water-seer1

Евтината направа беше развиена од VICI-Labs, во партнерство со универзитетот Беркли и National Peace Corps Association, како можно решение на проблемот кој го имаат 2,3 милиони луѓе ширум светот со недостиг од чиста вода. Направата секој ден може да собира до 41 литар чиста вода за пиење, а систем од неколку вакви уреди може да снабдува со вода цело помало село.

Water Seer како идеја беше лансирана на Indiegogo платформата за собирање на 77.000 долари кои се потребни за изградба на цели системи од овие колектори на вода низ светот. Уредот веќе е тестиран како прототип, а последниот модел од истиот беше завршен во август, 2016 година и ќе биде теренски тестиран кога ќе биде затворена кампањата за собирање донации.