„Инкубаторот“ за дигитални таленти од Телеком


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Новитетот кој го претстави Македонски Телеком е новоотворениот инкубатор за дигитални таленти, составен од тим од студенти кои ќе работат на развивање на апликации за дигитална трансформација.

Освен за дигитализирање на процесите на Телеком, тимот ќе работи и на други иновативни апликации, кои ќе имаат за крајна цел – дигитализација на општеството.

Студентите, кои доаѓаат од областа на ИТ, телекомуникациите и е-бизнисот се избрани од ФЕИТ, ФИНКИ и Економскиот факултет. На почетокот тимот ќе се состои од дваесетина студенти, бројка, која со тек на време ќе расте. Најдобрите ќе имаат можност да се вработат и да стекнат интернационално искуство од најдобрата телекомуникациска компанија во земјата. Македонски Телеком гледа на дигиталната трансформација како на континуирано патување во кое ќе ги вклучи и младите луѓе кои ги следат најновите трендови и кои ќе понудат иновативни решенија.

-Ништо не може да го смени толку темелно нашиот живот како процесот на дигитализација. А ние во Телеком сме многу сериозни кога велиме дека сакаме да сме лидер во тој процес. Ова ново партнерство е „win win“ комбинација за двете страни – ние како корпорација добиваме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идеи и професионален потенцијал. Работиме на откривање и изградба на професионалци и ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати и тоа многу скоро, изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком“.

Апликациите кои ќе ги создаваат студентите треба да придонесат најпрво кон поедноставување на работните процеси во Телеком, а се очекува со тек на време, со ваквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.

За новиот тим Телеком опреми простории по теркот на светските технолошки гиганти, за да имаат инспиративни услови за работа.