Осум тајни на Индијките за раскошно бујна и здраво одржана коса


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Меѓу повеќето нешта по кои се познати жените од Индија е и нивната здраво одржувана и раскошна бујна коса. А тајните за негата на косата во женската индиска традиција се пренесувани усно, од едно на друго поколение и датираат од древни времиња.

Кога станува збор за откривање на овие нивни тајни, тие секогаш посочуваат дека сето тоа е поврзано со даровите од природата. Еве ги нивните совети за здрава, бујна и негувана коса.

Исплакнете со студена вода

Додека ја миете косата, топлата вода заменете ја со ладна. Одмивањето со ладна вода ја зголемува циркулацијата на крвта и резултира со побрз раст на косата.

Масажа со сок од алое вера

Општо познато е дека кремот од алое вера е совршен за сите видови на кожа. Истовремено алое верата можете да ја користите и како маска за коса.

Сѐ што треба да направите е да нанесете свежо исцеден сок од алое вера на коренот на вашата коса и нежно да масирате со кружни движења.

Масажа со кокосово масло

Ставете малку кокосово масло во сад и загрејте го 20 секунди. Потоа нанесете го маслото на скалпот и нежно масирајте ја кожата со прстите така што маслото ќе навлезе во корените на косата.

Кокосовото масло го храни скалпот и ги чисти фоликулите од акумулираната маст. Оставете да отстои 30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.

Јаболков оцет во замена за шампон

Јаболковиот оцет е повеќенаменски лек кој можете да го нанесувате на вашата коса. Тој ги стимулира фолекулите на косата и ви помага да се ослободите од првутот.

Сѐ што треба да направите е да го замените вашиот шампон со јаболков оцет барем еднаш неделно.

Протеинска маска

Губењето на косата често е предизвикано поради недостаток на протеини во исхраната. Протеинската маска може да ви помогне да го вратите количеството на изгубени протеини и да ја ревитализира вашата коса.

Изматете две белки од јајце и добиената смеса нанесете ја на коренот на вашата коса. Оставете да отстои најмалку 30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.

Маска за коса со пантенол

Д-пантенолот е синтетски витамин Б5 кој откако ќе се апсорбира во кожата, ја нормализира состојбата на епидермисот. На овој начин помага при намалување на губитокот на коса.

Есенцијални масла

Индијанките ги користат навистина многу есенцијалните масла за нега на косата, особено од бадем, рузмарин, лаванда и мајчина душица. Тие го чистат скалпот од акумулираните масти во порите и ги потхрануваат оштетените фоликули.

Поретко миење на косата

За да ја направите вашата коса здрава и сјајно потребно е да ги избегнувате суровите хемикалии содржани во повеќето производи за убавина, бидејќи тие го менуваат нормалното ниво на pH-вредноста на вашата кожа.

Од таа причина препорачливо е миење на косата 1-2 пати во седмицата.