ИКЕА си направи реклама со Меркел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германија по 16 години се збогува со Ангела Меркел од позицијата на канцеларка на најмоќната држава во Европската унија.

Многу познати и непознати Германци и оддадоа почит на канцеларката во заминување и изразија благодарност, но таа го доби најоригиналниот поздрав од Икеа.

Познатата компанија на својот Твитер објави фотографија од жена која ја претставува Ангела Меркел удобно завалена во фотелја на Икеа. Меркел на фотографијата го носи нејзиното препознатливо палто и ги држи рацете во препознатлива поза.

„Конечно дома“, пишува во рекламата за фотелјата. Изгледа креативците од Икеа алудирале на тоа дека Ангела Меркел по 16 години конечно ќе одмора дома и ќе гледа телевизија од фотелја.

Објавата на Икеа брзо се прошири на другите социјални мрежи и медиуми.