Home Вебкафе И за крадец да бидеш треба да те бива (видео)

И за крадец да бидеш треба да те бива (видео)

Разбојник се обиде да ограби златара во Нови Сад, но кога ја почна операцијата за кражба Марфи ги сврте нештата против него и типот се најде во голем проблем и незавидна ситуација.

Имено, момче влегува во златарницата, по кратко разгледување на накитот тој со спреј ја прска вработената жена го зема накитот и бега, но успева да стигне само до вратата.

По неколку неуспешни обиди насилно да ја отвори се враќа кон пултот, вработената жена е веќе скриена зад параван. Крадецот потоа на пултот го остава накитот и го бара копчето за отворање на вратата.

Два дена по обидот за кражба српската полиција го уапсила „смотаниот“ крадец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…