И него „го фати чадот“: Сталоне под истрага за сексуална злупотреба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американската акциона легенда, Силвестер Сталоне се најде под истрага на американското обвинителство за да утврдување дали актерот треба да биде кривично гонет поради сексуално злоставување, пријавено во минатата година.

„Случајот е предаден на полицијата во Санта Моника, општина близу Лос Анџелес“, соопштија локалните власти, додавајќи дека случајот е поврзан со Сталоне.

Обвинителството во Лос Анџелес наведува дека една жена во ноември минатата година го обвинила Сталоне, актер најпознат по улогите во филмовите „Роки“ и „Рамбо“, дека сексуално ја злоставувал во деведесеттите години.

Обвинувањето доаѓа во момент на сеприсутното движење „#MeToo“, покраното по избивањето на сексуални скандали во холивудкста филмска индустрија.

Адвокатот на Сталоне во декември рече дека Сталоне ги негира обвинувањата, но признал оти имал врска со таа жена во 1987. година за време на едно снимање во Израел.

Адвокатот истакна дека Сталоне, кој во јули ќе наполни 72 година, планира тужба против таа жена чие име не е соопштено, поради давање лажна изјава за нивната врска.