Храна без глутен, да, ама внимателно со неа


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Исхраната без глутен во текот на последните години стана многу популарна, што дури и луѓето кои немаат проблем со нетолеранција на глутен се придржуваат на тој режим.

Британските научници предупредија дека ваквиот вид на исхрана може да предизвика недостаток на одредени хранливи вредности.

Неодамна американските научници утврдија дека исхраната без глутен може да ја зголеми изложеноста на тешки метали.

Имено, во овој режим, како замена за пченица најчесто се користи ориз.

Меѓутоа, оризот има поголема способност да ги апсорбира тешките метали како живата и арсенот што се присутни во ѓубривота и водата.

Научниците од Универзитетот во Илиноис спровеле анализа на урината на 73 испитаници на возраст од шест до 80 години, кои најмалку пет години се хранат со безглутенски оброци.

Истражувањето покажало дека нивото на тешки метали во нивната урина во просек е два пати повисоко отколку на лицата кои конзумираат глутенска храна.

Конкретно, нивото на жива во урината било дури за 70 проценти повисоко.

Авторите на студијата додаваат дека треба да проучат како зголемената изложеност на тешки метали се одразува врз здравјето.