Холанѓанец ќе им суди на Баерн и Реал


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде!


Честа да го суди првиот дуел помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ, ја доби холандскиот арбитар Бјорн Кујперс, потврди денес УЕФА.

Кјуперс го судеше финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Атлетико во 2014 година во Лисабон, кога „кралевите“ ја освоија 10-та титула.

Оваа сезона Холанѓанецот му судеше на Реал Мадрид во групната фаза против Борусија Дортмунд, а на Баерн Минхен му има судено три пати во кариерата.

Вториот полуфинален натпревар помеѓу Ливерпул и Рома ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих.