High-tech грабеж: Украдоа автомобил за помалку од минута без да го допрат (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата објави една од првите снимки од безбедносни камери на која се гледа новата форма на high-tech кражба на автомобили, со кој банда разбојници украдоа автомобил за помалу од една минута без да користат било каков клуч.

Двајцата криминалци со качулки успеаја да го преземат безбедносниот систем на Мерцедес на 25 септември во 21 часот, во Бирмингем, а украденото луксузно возило не е пронајдено.

Готови додека да трепнеш со око

Снимката ги покажува разбојниците кои со автомобил запреа пред куќата од жртвата. Видливо е дека еден од нив в раце држи релејна кутија со чија помош го бара сигналот од клучот во куќата и го префрла во друга кутија покрај автомобилот.

Потоа се гледа како разбојниците кратко чекаат додека релејните кутии да се поврзат, а пота светлата од Мерцедесот се вклучуваат и вратата се отвора. Тие веднаш се изгубија со автомобилот без никаква трага, а целата кражба траеше помалку од една минута.

Чувајте го клучот во метален сеф

Ваквите кражби станаа толку чести што полицијата почна да ги советува сопствениците на автомобилите со таков безбедносен систем клучевите да ги држат во метални сефови, бидејќи металот може да го блокира сигналот, како и да користат механичко блокирање на управувачите.

Релејните системи за отклучување на автомобили можат да се купат на eBay за нешто повеќе од 100 евра.