Јануарска БОМБА: Ѕвездата на Челзи пред трансфер на „Сантиаго Бернабеу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Еден од најскапите дефанзивци во историјата на фудбалот минтата година беше столб на одбраната на Челзи, но неодамна влезе во конфликт со тренерот Антонио Конте.

Конте веќе не смета на него и Бразилецот неколку натпревари е на трибините, а последните информации говорат дека Челзи му дал зелено светло да си бара нов клуб.

Според тврдењата на „Радио Монте Карло“, чии информации се најчесто точни и сигурни, Луиз веќе започнал преговори со актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид и многу веројатно е трансферот да се реализира во јануари.

Бразилецот не сака да ја грее клупата пред Мундијалот, а Челзи за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „кралскиот“ клуб.