Хиченс: „Дајана беше разгалена спонзоруша – што има таа направено во живото?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред дваесет години светот беше шокиран од веста за ненадејната смрт на британската принцеза Дајана. На 31 август, 1997 година, според некои проценки, пред Бакингемската палата народот остави еден милион букети цвеќе во чест на прерано починатата принцеза.

Животот во Обединетото кралство запре, беа откажани сите важни општествени и спортски настани, а во Лондон, поради масата луѓе која се собра на улиците, настана вистински хаос. Нејзиниот погреб го следеа повеќе од две милијарди жители од целата планета, што преку телевизија, што преку радио, а милиони луѓе ја испратија до последното почивалиште по лондонските улици.

Единствен човек кој тие години јавно ја преиспитуваше таа хистерија околу смртта на принцезата беше Кристофер Хиченс, познат атеистички активист, новинар и писател. Тој направи и документарец за смртта на Дајана со наслов Princess Diana: The Mourning After, кој предизвика контроверзии во британската јавност.

Иако имаше дел од јавноста кој агитираше за нормализирање на ситуацијата во Лондон и прекинување на хистеријата, единствено Хиченс јавно кажа што мисли за принцезата Дајана и сета таа драма околу нејзината смрт.

„Да бидеме реални, принцезата никој не ја присили да стане дел од кралското семејство. Сама го прифати тоа. Таа е жена која никогаш ниту една книга не прочитала до крај, а јас би рекол дека беше спонзоруша, што се докажа и со нејзиниот развод. Ничиј живот не е бајка, не знам зошто таа очекувала дека ќе се забавува цел живот само затоа што е принцеза? Ок, жената иницираше неколку хуманитарни акции и прегрна човек заболен од AIDS, но ништо повеќе од тоа не остави зад неа“, изјави Кристофер во едно интервју, а со него се сложија и Британците кои не се наклонети кон кралското семејство, но и дел од светската јавност која не разбираше зошто Британците, инаку познати како нација која не покажува емоции, целосно полудеа после смртта на жената која никогаш не ја запознаа.