Home Шоубизнис Вејн Руни заврши зад решетки – еве ја причината за апсењето

Вејн Руни заврши зад решетки – еве ја причината за апсењето

Во моментите кога Евертон го претставуваше Никола Власиќ, најголемата ѕвезда на клубот, Вејн Руни бил во затвор.

Според „Mirror“, поранешниот капитен на англиската репрезентацијата бил уапсен во четвртокот навечер во близина на својот дом во Чешир поради сомнеж за возење под дејство на алкохол. Руни (31) одлучил ноќта да ја помине надвор, а излегувањето очигледно било надвор од контрола.

Ваков инцидент на Руни не е никаква новост. Во ноември минатата година по победата на Англија против Шкотска, тој во алкохолизирана состојба влезе на свадба во еден хотел, а камерите го фатија како едвај зборува.

Инаку, сопругата на Руни, Колин пред неколку дена објави дека го чека четвртото дете. Семејството наскоро планира да се пресели во вила во вредност од повеќе од десет милиони фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …