GPS-от на ајкулите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Начинот на кој ајкулите патуваат преку огромни океани, но секогаш се враќаат на истото место за да се хранат, размножуваат и да раѓаат, долго време беше мистерија за научниците и истражувачите на овие морски жители.

Научниците од Флорида заклучиле дека ајкулите го користат магнетното поле на Земјата како систем за ориентација како GPS.

Во најновата студија, објавена во списанието „ Current biology “, се истакнува дека ајкулите имаат внатрешен систем за навигација кој им служи за прецизно движење низ океаните, пренесува „Гардијан“.

Како што е наведено, научниците од Државниот универзитет во Флорида, изложиле 20 ајкули на вежби со „магнетни поместувања“ кои пресликувале географски локации стотици милји од местото каде што биле заробени.

Брајан Келер, главниот автор на студијата, вели дека тоа објаснува зошто ајкулите можат да патуваат преку огромни океани, но секогаш да се враќаат на истото место за да се хранат, да се размножуваат и да раѓаат.

„Веќе подолго време знаеме дека ајкулите можат да детектираат магнетно поле, но ова е првиот успешен тест за вистински да се искористат тие способности за да се утврди нивната локација. Очекуваме овие способности да се применат и на други видови, како што е големата бела ајкула “. – вели Келер.

Според списанието „ Science “ од 2005 година, големата бела ајкула е следена додека плива од Јужна Африка до Австралија и назад речиси во права линија, што ги натерало научниците да веруваат дека ајкулите имаат магнетно чувство и дека се водени и контролирани од истото, пренесе „Гардијан“.