Home Спорт Готово: Барселона си најде десен бек!

Готово: Барселона си најде десен бек!

Барселона после заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус има големи проблеми на позицијата десен бек, каде во моментов принудно игра Серџо Роберто.

Додатни проблеми за Луис Енрике преставува тешката повреда на Алеиш Видал кој во последно време почна да покажува одлични партии.

Барселона доби дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија до крајот на месецот да донесе десен бек, но исклучиво од домашното првенство.

Откако минатите денови се појави информација дека тоа ќе биде играчот на Депортиво, Хуанфран, па се чини дека остануваат уште само детали од реализација на трансферот.

Како што пренесува „Мудо Депортиво“, Хуанфран денес треба да допатува во Барселона на медицински прегледи, а веќе утре да потпише договор со Каталонците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…