Големата излезност катастрофална за помалите партии: ВМРО и СДСМ се борат за пратеник повеќе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големата излезност на овие предвремени парламентарни избори беше погубна за помалите партии и коалиции кои се надеваа дека ќе откинат дел од колачот на големите коалиции на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои во тесна битка се борат за власт.

Имено, големата излезност не им дозволи ниту на коалицијата Љубчо-Љубе-Стојанче или ВМРО за Македонија да не освои ниту еден пратеник иако се надеваа за неколку, а истата судбина ги снајде Коалицијата за промени и правда на Павле Трајанов и Јове Кекеновски, како и на новата партија Левица. Со дефинитивно најслаб резултат меѓу македонските партии е ЛДП на Ивон Величковски.

Најверојатно сите овие партии нема да го поминат цензусот и да не освојат ниту еден пратеник според Донтовиот модел, а нивните гласови ќе се прелеат меѓу победничките.

Од друга страна, во албанскиот блок е видлива шареноликост, па така покрај ДУИ и ДПА, најверојатно и Беса и Алијансата на Села ќе добијат пратеници. Единствено ПДП ќе остане вонпарламентарна партија.