Home Спорт Ѓоковиќ не падна на провокацијата од новинарот: „Имав сосема поинаков впечаток од твојот“

Ѓоковиќ не падна на провокацијата од новинарот: „Имав сосема поинаков впечаток од твојот“

Српскиот и светски тениски ас Новак Ѓоковиќ не помина како што посакуваше и планираше на првиот официјален тениски меч на турнирот во Монте Карло кој го одигра после подолгата принудна пауза заради тоа што не е вакциниран против Ковид-19.

Сепак, Ѓоковиќ по крајот доби овации од публиката на „домашниот терен“. Но, еден од новинарите на прес-конференцијата го праша Новак дали е „изненаден од фактот што публиката на почетокот од мечот беше против него“, како да сакаше да го испровоцира Новак да даде некој негативен коментар за публиката откако за време на дуелот изреагира со пцовка кој трибината зад него.

Новак не се согласи со коментарот дека публиката лошо го прими на почетокот на мечот.

-Да бидам искрен со тебе, имав сосема поинаков впечаток од твојот. Публиката беше навистина спортска, ги поздрави добрите потези на двајцата играчи – и нормално е што го бодреа во моменти кога добиваше важна предност. Играв во многу посурови средини за време на својата кариера и би сакал да им се заблагодарам на сите што останаа со нас три часа, рече Новак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …