КЗБ препорачува да се укинат сертификатите за вакцина против Ковид-19 за влез во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да нема сертификат за вакцинација за влез во државата, оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести и ќе чека да биде потврдена од страна на кризиниот штаб во Владата.

На сила уште останува мерката сертификат за вакцина или за прележан ковид во затворените делови од угостителските објекти.

Светската здравствена организација објави дека следи неколку десетици случаи на две нови подваријанти на високо преносливиот вид на коронавирус, омикрон, во обид да процени дали тие се позаразни или поопасни од претходните и дали имаат влијание врз имунолошкиот потенцијал за избегнување. Министерот за здравство Сали вели дека се уште е рано да се избрзува.

Од комисијата велат дека бројката на хоспитализирани се намалува, а заразените се со лесни симптоми и на комисијата од ковид болниците било соопштено дека нема ниту еден пациент на респиратор, само еден е на сипап маска, а мал број на пациенти имаат потреба од кислород. Доктор Мехмедовиќ вели дека вакцинацијата сè уште не е задоволителна и е потребна.