Ѓоковиќ елиминран од Медведев на Синсинати – упати серија пофалби за Русинот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев со 2-1 во сетови го совлада рекетот број еден во светот и главен фаворит на турнирот, Новак Ѓоковиќ, и се пласираше во финалето на АТП Мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ доминантно го почна мечот, првиот сет го доби со 6-3, а на свој сервис загуби само пет поени. Ништо не најавуваше дека ќе се случи изненадување.

Но работите се променија во вториот сет, кој Русинот го доби со 6-3. И третиот решавачки сет му припадна на Медведев со идентични 6-3 за голем триумф од 2-1 во сетови.

„Мислам дека одиграв добро, иако по брејкот во третиот сет можеби требаше да бидам за нијанса подобар. Но, кога некој ви сервира со 206 километри на час и тоа со втор сервис, а притоа не прави двојни сервис грешки и агресивно влегува во секој удар, тогаш тешко може да победите. Треба да му симнете капа на Медведев и да му честитате бидејќи одигра неверојатен тенис. Секоја чест, одигра со голема самодоверба. Кога некој игра со толкава самодоверба очекувано да ги си дозволи сите тие удари. Ја заслужи оваа победа“, изјави Ѓоковиќ.

Во финалето Медведев ќе игра против Гофан кој со 2-0 во сетови беше подобар од Гаске.