Ѓоковиќ е мултиталент: Прво се распеа на Санремо, па делеше часови по тенис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, освен што е одличен на тениските терени, веќе е докажан шоумен кој знае да направи забава и атмосфера во било која пригода.

По освојувањето на осмиот трофеј на Австралија опен во неделата, Ѓоковиќ се појави на сцената на италијанскиот Фестивал ди Санремо и уште еднаш ја воодушеви публиката.

Покрај тоа што играше тенис со водителот, го откри и својот талент за пеење. Тој го испеа хитот на Ерос Рамазоти (Ветена земја) и покажа дека може многу добро да пее на италијански јазик.

Интересно е што овој хит на Рамазоти победи во категоријата дебитант во 1984 година на Санремо. Овој фестивал се одржува од 1951 година и победникот потоа ја претставува Италија на Евросонг.

Ѓоковиќ го научи и водителот на тениските потези , како бекхенд и форхенд, а раскажа и за неговиот победа на Австралија опен. Водителот го пофали славниот тенисер за одличниот изговор на италијанскиот јазик, што не изненадува, бидејќи Ѓоковиќ, како и повеќето тенисери, тренира во Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Ѓоковиќ седеше во публиката со сопругата Јелена, која сподели фотографија од фестивалот на социјалните мрежи.