Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Коледе
Денут пред Божиќ е Кољде. Децата одат по куките с’с колидчки и викат често: „Кољде!!!“ От куките им дават колајчина. В куќа, што има умрен и не и чинил уште година, колајчина не дават, ни пак децата одат.
Заедно сус колајчината месат и един колак за караконџалата, којто е на вид таков: 8; него го држат и, ка ке се разбољуват добиците, и зарануват сос него, за да уздравеат.
Таа ден мајките на децата им велат: „Елајте, сино!“ Мајка што ке им каже? Факе да им зборуве така:
Кољде, Кољде!
Трчи да уткинеме чаш’та,
Чаш’та винуто,
И да уткиниме икун’та!
Б’дник
Вечерта спроти Божиќ е Б’дник.
Сечат едно дрво горничково, което го вељат Б’дник, го запаљуват на ручок и вичера, и горе дур да дујадат. Од ка ке дујадат, па ги изг’снуват. Това прават дурди крајнут ден на Божиќ: едни тоги гу дугоруват, а пак орачето го напра’уват нешто за ралото, за да им се чине бирекет.
Месат една пресник пугача, ф неа клават заманцка пара; а печат в пепечта уф огинут. На вичерта, ка ке седнат на софрата, постарјут факе скршуве едно коматче на Бога, друго на занајутут, што е ф куќта, друго на добиците. Следува така по с’та стока като: нивја, лозје и пр., ен напкум скршуве на него и сус рет дурду ен малќут; бркат пар’та и, в кого а наидат, ф него е касметут.
Пред вичерта софрата а клават к’де врат’та. Тамо нареждат синте манџи, клават и гореречената пугача. Старите около огинут седат, а децата одат а дигнуват софрат; един носе сфетилото, друк грнето или м’штрабата сус вин’то, а вељат одеки к’де к’тот: „Ела дедо Божике, да вичериме!!!“ Напкум вељат на старите: „Добру вечер!“ – Они: „Дај Бо’ добро! – Добре дошл’ дедо Божике! Добре, добре дошал!!!“ Децата клават софрата и бакнуват р’ка сус рет на старите. Една од жејн’те пракадуве сус тимјан по пишин софрата, с’та куќа, келарут, постељ’та, стрејта и др., за да беѓе лушутјата. Напкун седнуват сите на софрата и зафаќе постарујат да крше пугачата, коту што риче’ме погоре. На пар’та од пугачата остават малце тестинце, а нанижуват на црвен копринен кониц да а варзуват на маштрабата или на бутимут.
Прават ушаф т.е. пчиница сус пикмес бркана; а пак друзи клават и сол, лук… да от него пешин зафаќат да јадат.
Таа вечер ут се, што са јаде, донесуват на софрата; апнуват сите от секое по малце за греа: лукче, кромитче, прахче и др. Дури ут лет’то чуват дијни, лубеници максус за Б’дник. Тоги прават ного манџи и саралиа максус за вичер’та.
Малечките деца обикновено позаспуват пред вичерт’та. Тоги ’и лат, не ’и устават да позаспат, за да са и они на софрата.
По вичерта околу огинут јадат имише секакви и пиат вино и се весељат. Гледат да гаљат децата, да не се насрдат, така и они меѓу едни друзи са весељат: не се сфрекнуват за нешто, кога зборуват, ами смеаки смеаки, зашто вељат: „Ваа вечер ак’ сме радосни, веселни, с’та година така ке бидиме, ако напротив – ке им’ме мараза и кариница.
Огинут с’ноќ горе. Постарјут (домакинут) до него спие, за да го вале. Да са ог’ене е греота! От това е останало да вељат за некого, што седе ного ноќта: „Дали Б’дник чувиш?“
Прават пугача, којата а вељат гумно: отузгоре напрауват сус тесто гумно, стогове… и одат на гумното, запаљуват врз неа сфеќа. Неа а клават на софрата на Б’дник, на првјут и вторјут ден на р’чко и вечера, ама не а јадат. Дури на крајнут ден а накршуват и а изедуват.
Орачето клават на пизуљот палишникут, му наденуват еден колак на пашката – правајут, ушите од рал’то и утрошито. На палишникут запаљуват сфеќа, кога вичерат. Пу вичер’та одат на чешмата, измиват палишникут, да му биде чисто жит’то, да да са продаве. Палишникут и др. стојат на пизуљникут дур ду Сурва.
На воловето им запаљуват сфеќа на роговето.
Стефан И. Верковиќ – „Народописни материјали од Долновардарско“