Го селат секаде, а Озил прави трансфер од соништата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Месут Озил е главна тема во спорстките медиуми бидејќи Германецот во јануари може да преговара со заинтересираните клубови.

Договорот на Озил со Арсенал истекува на крајот на сезоната, но Венгер не негираше дека плејмејкерот може да замине од „Емирати“ уште во јануари.

Интерес за него покажаа Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но сега се појавија шпекулации дека за него е заинтересирана големата Барселона.

Каталонците тешко дека ќе можат да го убедат Ливерпул да го пушти Кутињо во зимскиот преоден рок, па сметаат дека Озил би можел да биде добро решение.

Како што пренесуваат каталонските медиуми во Барселона постојат големи несогласувања во врска со Озил, многу веруваат дека е потрошен, но постои и теорија според која тој едноставно е незаинтересиран да го даде максимумот во Арсенал, додека во Шпанија веројатно би делувал многу подобро во посилен тим и со повеќе мотиви.

Озил одби плата од 275.000 фунти од Арсенал, но е спремен да потпише за Барселона за многу помала плата, бидејќи негов мотив не се парите, туку фактот дека ќе може да се бори за титули.