Home Вебкафе Ги третираат како луѓе: Индијците на реките Ганг и Јамуна им доделија „човекови права“

Ги третираат како луѓе: Индијците на реките Ганг и Јамуна им доделија „човекови права“

Судот од северот на Индија им додели легални човечки права на реките Ганг и Јамуна, кои милијарди Индијци ги чувствуваат и обожаваат како свети реки.

Судот во државата Утарканд донесе одлука на реките да им се доделат човечки права, што значи дека секое нивно загадување ќе биде третирано како нанесување повреда на друго лице и прекршување на нечии човекови права.

Судијата потсети дека таков статус има реката Вангануи на Нов Зеланд, која минатата недела беше прогласена за живо суштество, пренесува Associated Press.

Судот одреди тројца официјални лица кои ќе имаат официјално старателство над реките и ќе бидат нивни чувари, а исто така и на нивните притоки. Загадувањето, уништувањето на шумите и испуштањето на канализации го намали водостојот на многу реки во Индија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…