Актуелно

Хан: Потребно е државништво, а не тактизирање

Европскиот пат по последниот совет на ЕУ е отворен за Скопје, но часовникот отчукува, сега е потребно државништво, а не тактизирање, напиша еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, кој престојува во еднодневна посета на Македонија за време на која ќе се сретне со лидерите на парламентарните политички партии.

Хан веќе се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами а во тек е неговата средба со претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. Подоцна тој најпрво ќе оствари средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети, а потоа и со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски.

„Разговорите во Скопје започнаа, потребна е нова влада за спроведување на реформи, нема време за губење“, напиша еврокомесарот, кој за време на посетата на Македонија е придружуван од страна на тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн

To Top