Актуелно

Ги потона синџирите од супермаркети: Amazon понуди 13,7 милијарди долари за Whole Foods

Откако вчера Amazon понуди 13,7 милијарди долари за да го преземе брендот на маркети за здрава храна Whole Foods останатите брендови со синџири на супермаркети и физички продавници почнаа да тонат на американската берза за неколку поени.

Постои голема загриженост дека потегот на технолошкиот гигант Amazon за преземање на Whole Foods ќе креира голема нестабилност во продажната индустрија бидејќи ќе се создаде една многу моќна компанија која покрај на онлајн просторот и доставата на пратки ќе доминира и во физичките продавници со голема дистрибутивна мрежа и локации.

Нил Сундерс од Global Data Retail аналитичката куќа проценува дека сега голем број на супермаркети и продавници ќе почуствуваат голем притисок од Amazon и ќе мора да ги спуштат цените што најмногу ќе ги погоди производителите и дистрибутерите на овошје и зеленчук, како и на други намирници.

Вредноста на акциите на Amazon порасна за неколку поени додека пак вредноста на Whole Foods на берзите скокна за 29,1% што е фантастичен резултат. Вредноста на конкурентите како Costco, Wallmart и Target падна меѓу 5 и 7 проценти што е нивни најлош резултат со месеци.

Секако, потегот на Џеф Безос неуморниот лидер на Amazon кој од продажба на електронски книги стигна до освојување на вселената со приватната компанија Blue Origin, доби голем број на пофалби.

To Top