Home Спорт Германија – Македонија 1:2 – ТОЛКУ

Германија – Македонија 1:2 – ТОЛКУ

Македонската фудбалска репрезентација го забележа најдобриот резултат во својата историја и ја победи големата Германија во Дуизбург (1:2).

Избраниците на Ангеловски одиграа „докторски“ меч против четирикратниот светски шампион и уште од самиот старт покажаа дека не се дојдени без амбиции.

Македонија одлично го отвори мечот, играше организирано и не и дозволи многу шанси на германската репрезентација, а спорадично се закануваше.

Најпрво во 35-та минута имавме одлична шанса, но со крајни напори одбрани Тер Штеген, а голот за водство стигна во последната минута од полувремето преку капитенот Горан Пандев.

Во вториот дел иако се очекуваше фуриозен настап на домаќините, сепак Македонија делуваше подобро на теренот и комплетно ја неутрализира Германија.

Домаќините дојдоа до израмнување во 60-та минута после еден сомнителен пенал кој го досуди рускиот судија после стартот на Алиоски над Сане. Сигурен реализатор беше Гундоган.

Во 70-та минута судијата повторно ја оштети Македонија и не досуди чист пенал откако Емре Чан играше со рака во петерецот. Правдата беше задоволена во 82-та минута кога Елмас на асистенција на Адеми постигна гол за 1:2 и голема победа на Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…