Филипче апелира: Состојбата во македонските болници е многу сериозна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, по утринската координација со директорите на КОВИД центрите во Македонија, министерот за здравство, Венко Филипче , апелираше дека здравствениот систем секојдневно се менаџира, но состојбата со болниците е многу сериозна. Тој порачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

„Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна“, напиша Филипче на неговиот официјален Фејсбук профил.

Филипче додава дека е од огромна важност граѓаните да ги почитуваат мерките и така „да помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата“.

Денеска во Македонија почна вакцинација на граѓани над 77 години, а од понеделник е планирана имунизација на војската, полицијата, новинари, возачи во ЈСП… Вакцинацијата се врши со вакцини од АстраЗенека, но како што објави Филипче, по извештаите од Германија и Канада, граѓани под 60 години нема да се вакцинираат со АстраЗенека.