Актуелно

Германија е прва европска земја која воведува трет пол во изводите за родени

Владата на Германија вчера го усвои документот со кој се донесува закон за воведување „трет пол“ во изводите на родените.

Со тоа станува првата земја во Европа што ги признава интерсексуалните луѓе. Со постоечките ознаки за „машки пол“ и „женски пол“, во изводите за родените сега ќе може да се наведе и „останато“, стои во текстот на законот.

-Никој не треба да биде дискриминиран поради неговиот полов иденитет – изјави министерката за правда, социјалдемократот Катарина Барлеј, додавајќи дека ваквата модернизација на граѓанското општество одамна требаше да се постигне.

Уставниот суд објасни дека законот го штити идентитетот на личноста која не може да го дефинира својот пол ниту како машки, ниту како женски со оглед на тоа дека кај нив и анализата на хромозомите укажува дека не се ниту мажи, ниту жени.

Германското правосудно тело на пратениците им даде рок до крајот на 2018 година да изгласаат легализација на поимот „трет пол“. Досега, поточно од мај 2013 година, во Германија родителите можат да остават празно поле во кое се наведува полот.

Ова ќе биде првпат законо да признае дека постојат луѓе кои не се ни мажи ни жени и дека постојат луѓе кои не се вклопуваат во традиционалните правни категории. Промената е воведена за да се намали притисокот родителите да мораат брзо да донесат одлука за контроверзните операции за прилагодување на полот кај новороденчињата.

И останатите европски земји го следат германскиот пример. Холандија и Австрија работат на донесување закон за „трет пол“. Според ОН, помеѓу 0.05 и 1.7 отсто од светското население е интерсексуално.

Advertisements
To Top