Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, во финалниот дуел во теквондо на Олимписките игри во Токио, нашиот борец Дејан Георгиевски се бореше против најдобриот во оваа категорија Владислав Ларин.
Првата борба како и претходните Георгиевски ја започна претпаливо и таа заврши во корист за Ларин со 2:0.
Во втората рунда се отворија и Георгиевски и Ларин, па видовме удари и на двете страни. Русинот имаше предност од 9:5, а на три секунди пред крајот на оваа рунда Георгиевски со удар со нога намали на 9:7. Со тој резултат се влезе во завршната трета рунда.
На стартот од третата рунда Ларин дојде до 10:7. Во последната минута Георгиевски заостануваше 10:8 и токму во тие моменти дојде еден удар во глава за 13:8. Тоа веројатно и беше одлучувачкиот момент, до крајот Русинот само ја зголеми предноста на 15:8.
Секако дека и овој сребрен медал е голем успех за момчето од Бутел.