Home Спорт Георгиевски од Токио се враќа со олимписко сребро – честитки, мајсторе!

Георгиевски од Токио се враќа со олимписко сребро – честитки, мајсторе!

Денеска, во финалниот дуел во теквондо на Олимписките игри во Токио, нашиот борец Дејан Георгиевски се бореше против најдобриот во оваа категорија Владислав Ларин.

Првата борба како и претходните Георгиевски ја започна претпаливо и таа заврши во корист за Ларин со 2:0.

Во втората рунда се отворија и Георгиевски и Ларин, па видовме удари и на двете страни. Русинот имаше предност од 9:5, а на три секунди пред крајот на оваа рунда Георгиевски со удар со нога намали на 9:7. Со тој резултат се влезе во завршната трета рунда.

На стартот од третата рунда Ларин дојде до 10:7. Во последната минута Георгиевски заостануваше 10:8 и токму во тие моменти дојде еден удар во глава за 13:8. Тоа веројатно и беше одлучувачкиот момент, до крајот Русинот само ја зголеми предноста на 15:8.

Секако дека и овој сребрен медал е голем успех за момчето од Бутел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…