Геј скандалот со Спејси тресе: „Ме фати за половиот орган и ми рече дека е мој газда“

спејси

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мексиканскиот актер Роберто Кавасос, кој студираше глума во Велика Британија, во понеделникот на својата Фејсбук страна објави дека неговата средба со актерот Кевин Спејси „може да се дефинира речиси како сексуална злупотреба“.

„Да сум жена, ни момент не би одвоил за да ги окарактеризирам тие наши средби“, напиша Кавасос, не прецизирајќи ги ниту времето, ниту датумот на средбите.

Актерот Ентони Рап пред неколку дена го обвини двојниот оскаровец Кевин Спејси за сексуална злоупотреба која наводно се случила кога славнот актер имал 26 години, а Ентони само 14, во периодот кога двајцата работеле на бродвејските претстави.

Спејси и приказната на Кабасос

Мексиканскиот актер роден 1982 година, познат по улогата во филмот Rush од 2013 година, напиша дека оскаровецот го запознал додека тој бил уметнички директор на Old Vic Theatre, помеѓу 2004 и 2015 година.

„Голем број меѓу нас имаат приказна со Кевин“, напиша Кавасос, појаснувајќи дека „било сосема доволно да сте маж и помлад од 30 години, па господинот Спејси да се чувствува слободен да ве допира по телото“.

„Тоа беше толку често, што имавме и меѓусебна шега. Најчесто господин Спејси седеше во театарскиот бар, каде некој од нас ќе му го привлечеше вниманието. Знам дека многу од момците се плашеа да му речат да престане“, ја продолжува исповедната приказна Кавасос, додавјаќи дека се надева оти наскоро и други бројни негови колеги ќе се охрабрат да излезат со сопствените приказни.

Вели дека не би го зачудил ни зголемениот број на обвинувања против Кевин, на начин на кој неодамна се случи со американскиот „сексуален предатор“ Харви Вајнстин. Додава дека и после своите објави на социјалните мрежи, не сака да излезе пред медиумите.

„Кажав сè…напишав сè и немам што да додадам“, одговори Мексиканецот на прашањата од новинарите.

Исповед на Тони Монтана

Филмскиот продуцент Тони Монтатан, исто така, го обвини Спејси дека го пофаќал во бар во Лос Анџелес во 2003 година.

„Отидов да нарачам пијачка, кога Спејси ми пријде и ме опфати со раката. Ми рече да појдам со него, да си одиме од барот. Со раката ме фати за меѓуножјето и силно ме стисна. Ми рече: Ова е знак дека сум твој сопственик. Му ја турнав раката надолу и му го свиткав палецот за да му ја тргнам раката од мене. Си ја платив пијачката и побегнав од него“, раскажува Монтана за Radar.

Додава дека Спејси, кој му изгледал пијано, после тоа го следел до тоалетот.

„Го истуркав низ врата. Неговиот пријател стоеше на ред за во тоалет, па му реков дека е време да го одведе дома. На крајот си заминаа“, објаснува Монтана.

Реакција на Old Vic

Театарот Old Vic, каде Спејси беше директор во тој период, изрази длабока вознемиреност поради обвинувањата на негова сметка. „Такво однесување за сите кои работиме тука е целосно неприфатливо“, напишаа во соопштението.

Портпаролите на Кевин Спејси не ги коментираа последните обвинувања.