Фотограф случајно фотографираше совршен кадар од запросување на работ од гребен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фотографот Метју Дипел од Мичиген, на 6 октомври го посети видиковецот Тафт (Taft Point) во рамки на неговата прошетка во славниот национален парк „Јосемити“, и фотографирајќи го прекрасниот предел, случајно „улови“ совршен кадар од едно романтично запросување, па сега се обидува да го открие идентитетот на новопечените свршеници преку социјалните мрежи.

„Твитер, помош. Не знам кои се овие двајца, но се надевам дека вака ќе ги пронајдам“, напиша на Твитер на 17 октомври фотографот. Неговиот твит почна вирално да се споделува.

Иако многумина почнаа да му пишуваат дека го нашле парот, испадна дека типот и типката од кадарот уште не се откриени, но Метју порачува дека ќе продолжи да ги прегледува пораките со надеж да ги најде свршениците.