Home Актуелно Филипче го посети Иле кому му беше пресадено срцето од починатата Верица Белчовска

Филипче го посети Иле кому му беше пресадено срцето од починатата Верица Белчовска

Министерот за здравство Венко Филипче денес го посети младиот Иле Стрезовски, кому на Клиниката за кардиохирургија му беше направена трансплантација на срце.

Според министерот Филипче, Иле полека заздравува од комплексниот хируршки зафат.

„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша министерот филипче на фејсбук.

Во градите на Иле сега чука срцето на 20-годишната Верица Белчовска по потекло од беровско Русиново, која почина по тешка сообраќајна несреќа. Оваа трансплантацијата, која се случи на Клиниката на Државна Кардиохирургија, вечерта во петокот кон саботата, е втора во земјава.

Пред неполна година, Иван Огненовски од Скопје го доби срцето на Емилија Динева од Дојран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…