10.530 дози од вакцините на Фајзер вчера пристигнаа во Македонија – од утре се пуштаат во процесот на вакцинација


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Министерството за здравство ја информира јавноста дека вчера попладнето во Македонија пристигна првата пратка од вакцината Фајзер, која ресорното министерство ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.

Оваа пратка Министерството ја обезбеди со директни преговори со американскиот производител, а стигнаа преку Софискиот аеродром. Вакцините од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација.

Според најавата на МЗ, на 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, а уште 10 илјади вакцини „Фајзер“ на 26 април. Преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „АстраЗенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

Министерот за здравство Венко Филипче неодамна најави дека се планира и масовна вакцинација во уште шест градови: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, каде подготовките се веќе во тек.

Во земјава досега се вакцинирани 38.971 граѓанин, од пријавени 177,549.