Феминистички рафали против Apple – причината е малку бизарна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Apple се најде на мета на жестоки феминистички критики за неговите нови iPhone телефони со обвинувања дека направил телефони кои се преголеми за да ги собере во рацете на една просечна жена.

Технолошкиот гигант неодамна го најави лансирањето на својот најголем и најскап телефон досега, iPhone XS Max, кој има екран од 6,5 инчи. Тоа значи дека новиот телефон ќе биде еден инч поголем од моделот iPhone 8 Plus, кој се појави минатата година.

Феминисти ја напаѓаат компанијата дека нивниот последен производ, како и неколку од претходниците ги игнорираат потребите на консументите од понежниот пол, чии раце просечно се еден инч пократки од машките. Компанијата ја критикуваат и затоа што најави дека ќе го прекине производството на помалиот телефон iPhone SE, кој има екран од 4 инчи и воедно е најевтин модел на компанијата, пренесува The Independent.

Феминистката Каролина Криадо Перез, која ја предводеше кампаата за поставување на статуа од британската интелектуалка, политички лидер, активист и писател Милисент Фосет на Парламентарниот плоштад во Лондон, тврди дека најголем дел од телефоните на Apple не се направени соодветно за малите женски раце. „Apple уште еднаш не успеа да направи телефон кој ќе одговара на просечните женски раце“ напиша таа на Twitter.