Фејсбук го прекина експериментот со вештачка интелигенција – нештата заминаа во погрешен правец


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фејсбук ненадејно го прекина експериментот во кој беа вклучени две вештачки интелигенции кои меѓусебно разменуваа податоци.

Имено, вештачките интелигенции почнале да комуницираат на јазик кој само тие го разбирале, односно тимот кој ја следел нивната комуникација и постојано ги држел под надзор не ги сфаќал нивните измени во англискиот јазик.

Бизарната комуникација се случила кога во Фејсбук на двата ботови за комуникација им поставиле задача меѓусебно да разменат предмети кои имале одредена вредност, како шешир, топче и книга. Ботовите наскоро почнале да комуницираат на свој јазик настанат врз основа на промени во англискиот јазик, пренесува Independent.

Самиот разговор не се чинел како корисен, но изгледа дека имал некои правила. Начинот на кој ботовите ги нагласувале своите имиња делувал како дел од преговор, а не како грешка (дефект), додека некои нивни меѓусебни преговори на тој необичен јазик завршиле успешно. Можно е да смислиле свои кратенки за да комуницираат на поефикасен начин.

Јазичарот Марк Либерман тврди дека малку е веројатно јазикот на ботовите да биде претходник нова форма на човечкиот говор.

Нема муабет за „создавање чудовишта“

„Прво, ова е во целост комуникација втемелена на текст, додека чувечките јазици се во основа изговорени (или гестикулирани), а текстот е вештачки слој“, напиша Марк на својот блог.

Преговорите на ботовите биле слични на човечките, се преправаат дека се заинтересирани за одреден предмет за подоцна да се прават дека навистина се жртвувале кога се одрекле од истиот, пишуваат од Фејсбук секторот за истражување на вештачка интелигенција.

Како што пренесува Gizmodo, статиите за „создавање на чудовишта кои ќе го покорат светот“ се претерани. Имено, кога ги поттикнале ботовите на разговор еден со друг, сфатиле дека направиле грешка што не ги насочиле меѓусебно да комуницираат според разбирливи правила на англискиот јазик. Во обидот да учат еден од друг, роботите почнале да разменуваат неразбирливи фрази, а иако тоа може изгледало и звучело малку морбидно, тоа не е почеток на крај на светот или слични ствари кои буквално вриштат од насловите на медиумите во некои делови од светот, пишува FastCo.

Ова не е прв пат вештачка интелигенција да развие свој јазик. Тоа се случи и во Google каде експериментот не беше прекинат, туку беше дозволено вештачката интелигенција да продолжи да развива свој јазик.