Спорт

Федерер го „преслуша“ Ѓоковиќ и се пласираше во полуфинале на Мастерсот во Лондон

Тениската легенда Роџер Федерер во решавачкиот меч за пласман во полуфинале на Мастерсот во Лондон забележа убедлива победа против ривалот Новак Ѓоковиќ.

Федерер играјќи во транс за само 72 минути го збриша вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3.

Со овој триумф швајцарскиот велемајстор обезбеди уште едно полуфинале на завршните турнири. Рекордерот според бројот на освоени титули од Завршниот Мастерс во 49 меч против Ѓоковиќ ја оствари 23 победа со која на некој начин му се реваншираше на српскиот тенисер за поразот во финалето на Вимблдон.

По денешниот пораз во тенискиот класик Ѓоковиќ годината сигурно ќе ја заврши на второто место на АТП листата зад лидерот Рафаел Надал кој денес против бранителот на тронот во Лондон Александар Зверев ќе атакува на победа за место меѓу четворицата најдобри.

Засега сигурни полуфиналисти се Бјорн Борг, Федерер и Доминик Тим.

Advertisements
To Top