ФБИ на мака: Потенцијалните сајбер агенти им пушат многу трева, имаат фрка со кадар


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кибер напади стануваат се почести и се поголема закана за владите низ светот, особено откако мета почнаа да стануваат и изборите, со што се загрозува демократскиот процес.

Доверливи податоци, од лични до бизнис и владини информации, секој ден се цел на напади од хакери, а доколку успеат да излезат во јавност може да предизвикаат огромни неочекувани проблеми.

Многу влади имаат кибер експерти или луѓе кои се обидуваат да извршат хакерски напад на системите за да ги тестираат.

Меѓутоа голем проблем при ангажирањето на овие луѓе во САД, според извештаите претставува тоа што добар дел од хакерите кои што ФБИ се обидува да ги ангажира консумираат марихуана, поради што не може да бидат вработени.

Според извештајот од 2015. година, министерството за правда на САД забележало дека 40 отсто од отворените работни позиции на ФБИ за информатичка безбедност останале непополнети.

Проблемот со марихуаната во јавноста прв пат беше изнесен во 2014. година кога директорот на ФБИ, Џејмс Коми изјави дека иако тие сакаат да вработат повеќе луѓе, голем дел од нив сакаат и да консумираат марихуана.

Според критериумите на ФБИ, кандидатите не смеат да имаат консумирано дроги и било какви контролирани супстанции во изминатите три години.