Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Фармацевтскиот производител „Мерк“ денеска до американското регулаторно тело поднесе барање за одобрување на таблетата против ковид, што треба да придонесе во глобалната битка против пандемијата.
Доколку Администрацијата за храна и лекови (ФДУ) го одобри лекот на „Мерк“, тоа ќе биде првата таблета против коронавирус што ќе ја користат земјите ширум светот. Сите други антивирусни третмани поддржани од ФДА се даваат интравенски.
Употребата на антивирусната таблета е лесна, и луѓето би можеле да ја земат дома. Таа, како што објаснува производителот, ги намалува симптомите и го забрзува закрепнувањето, поради што може да се покаже како револуционерна. Планирано е да се користи и за намалување на бројот на хоспитализирани во американските болници, но и за помош на сиромашните земји кои имаат релативно послаб здравствен систем.
Пред да донесе одлука, ФДА детално ќе ги испита податоците за безбедноста и ефикасноста на лекот.
„Мерк“ објави дека таблетата би била ефикасна кај возрасни лица со благи до умерени симптоми на ковид, кои се изложени на ризик од сериозни болести или хоспитализација.
„Ова значи дека станува збор за таблета, така што не треба да се дава со инфузија. Мислам дека тоа е многу моќна алатка за борба против ковидвидите“,
вели д -р Николас Картонсис од одделот за заразни болести на „Мерк“.
Претходно овој месец, компанијата објави дека таблетата го преполовила бројот на хоспитализации и на смртните случаи кај пациенти со благи симптоми од коронавирусот. Резултатите според компанијата, се толку ветувачки што независните медицински експерти кои го следеа испитувањето препорачале тоа порано да се прекине.