Home Шоубизнис Еве што јаде Џеј Ло за да има такво секси тело и да биде во топ форма на 47 години

Еве што јаде Џеј Ло за да има такво секси тело и да биде во топ форма на 47 години

Првата работа која ни паѓа на памет кога мислиме на Џенифер Лопез, е тоа какво тело има на 47 години. Освен што редовно вежба со цел да се одржува во форма, таа има и посебна исхрана.

Џеј Ло се држи настрана од алкохолот, цигарите и кофеинот и секое утро пие шејкер со 90 калории и безкофеинско кафе.

– За неа имам подготвено посебен начин на исхрана, поради тоа што мора да се наполни со енергија покрај сите работи кои што ги прави. Исхраната е целосно органска и многу добро смислена со баланс од високо квалитетни протеини и многу хранливи состојки, сподели Трејси Андресон, нејзиниот личен тренер.

Сепак, Џенифер знае да ужива и во некоја вечера во скап ресторан.

– Многу ресторани нудат здрави јадења со малку калории, па секогаш ги избирам оние јадења кои што ми одговараат на мојата исхрана. Најчесто јадам салата или некоја риба со зеленчук и пијам многу вода, вели Џенифер.

Покрај таа исхрана и вежбањето, нормално е да има така сјајни резултати кои се мошне видливи на нејзиното тело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сека Алексиќ им одговори на жените што ја критикуваат: „Сега кога изгледам подобро од нив, ништо од солидарноста“

Откако ослабе 22 килограми, Сека Алексиќ добива многу комплименти, но и негативни коментар…