Атлетико сака да го купи најголемото промашување на ПСЖ


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


После одличните игри во Севиља, Грегор Криховјак направи трансфер во ПСЖ вреден 34 милиони евра, но полскиот репрезентативец не успеа да се избори за место во францускиот тим, па сега е на излезна врата.

Како што пренесуваат шпанските и француските медиуми Криховјак би можел во јануари да му се приклучи на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ се запознати со неговите квалитети, Полјакот одлично го познава шпанскиот фудбал, а цената на трансферот би можела да изнесува 18 милиони евра.

Унаи Емери не смета повеќе на Криховјак и го изостави од тимот за турнејата во САД. За него се распрашуваше и Милан, но Симеоне е одличен во намерата да го донеси во својот тим.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико може да направи слична трансфер операција како со Витоло и да го пушти Криховјак на позајмица до крајот на годината.