Еве по кој редослед се појавуваат симптомите кај заразени од КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според податоците кои ги пренесува новата научна студија посветена на пандемијата на коронавирусот, заразените со ковид-19 може да имаат предвидлива низа на симптоми што се разликува од онаа на грип и други коронавирусни инфекции.

До денес, доказите сугерираат дека најверојатната секвенца на почетните симптоми на ковид-19 обично започнувала со треска, проследена со кашлица и болка во мускулите, проследена со гадење и / или повраќање и на крајот дијареја.

Иако самите симптоми не се особено уникатни, редоследот по кој се појавуваат се разликува од оној на другите респираторни вируси, а авторите на студијата веруваат дека нивниот модел би можел да помогне да се разликуваат новите случаи и да се ограничи ширењето на болеста.

Користејќи ги податоците на Светската здравствена организација (СЗО) за повеќе од 55.000 потврдени случаи во Кина, авторите го споредиле редоследот на симптомите на „ковид-19“ со илјадници случаи на грип собрани од Универзитетот во Мичиген, за скоро 150 случаи на САРС во Торонто и мал број случаи на МЕРС во Кореја.

Откриено е дека грипот започнува со кашлица и треска. И додека МЕРС и САРС можат да започнат слично на ковид-19, кај нив долниот гастроинтестинален систем обично е првиот што е засегнат, што доведува до дијареја пред гадење и повраќање.

„Редоследот на симптомите е важен“, вели Џозеф Ларсен, кој спроведува истражување во компјутерска биологија и биоинформатика на Универзитетот во Јужна Каролина.

„Да се ​​знае дека секоја болест напредува поинаку, значи дека лекарите можат побрзо да утврдат дали некој има ковид-19 или има друга болест, што може да им помогне да донесат подобри одлуки за третман“.

Кога истражувачите ги анализирале симптомите на ковид-19 кај 500.000 пациенти, откриле „најчеста секвенца на препознатливи симптоми … кои се различни од оние кај другите респираторни заболувања“.

Дури и кога биле вклучени други симптоми како што се болка во грлото, главоболка и замор, редот на четирите најверојатни почетни симптоми останал ист.

Бидејќи температурата е прва, мерењето на температурата може да биде релевантен механизам за испитување.

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) веќе советуваат да се мери температурата пред излегување од изолација, а новите истражувања ја поддржаа таа препорака.

„Не ги предлагаме првичните симптоми како дијагностички тест, туку како можен знак дека треба да се тестира“, напишале авторите.

Ковид-19 е позаразен од грипот и има тенденција да се појавува во групи. Ако можеме подобро да ја известиме јавноста за редоследот на појава на симптоми на болеста, тоа би можело да ни помогне побрзо да ги идентификуваме заразените и да ги ставиме во карантин пред да се прошири инфекцијата понатаму, велат научниците.

Боб Лахита, ревматолог, кој не бил вклучен во студијата, изјави за Си-Би-Ес дека новиот модел на симптоми е „добар водич“.

Студијата е објавена во списанието Frontiers in Public Health.