Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој августовски петок времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје претежно сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура, а во понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…