Еве која земја произведува најмногу во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за производство на сладолед, Германија е неприкосновено најголем производител на ова слатко задоволство и деликатес во рамки на Европската Унија со 494 милиони литри или 15,5 проценти од вкупното европско производство на сладолед.

Податоците на Евростат за 2018 година покажуваат дека Франција е на второ место, со 451 милиони литри или 14,1 процент а по неа следи Италија со 435 милиони литри или 13,7 проценти.

Вкупното производство во 28. земји членки на ЕУ изнесува 3,1 милијарда литри.