Home Актуелно Еве до кога треба да ги смениме личните документи со новото име на државата

Еве до кога треба да ги смениме личните документи со новото име на државата

После уставните измени со кои се менува и името на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија и стапувањето на сила на овие измени, за пет години, поточно најдоцна до 2024 година, граѓаните ќе треба да ги сменат личните документи и да извадат нови кои ќе го носат и новото државно име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник. Со тоа тие фактички и формално веќе стапуваат на сила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…