Home Спорт Де Геа спремен да остане во Јунајтед, но постави еден услов!

Де Геа спремен да остане во Јунајтед, но постави еден услов!

Давид де Геа е спремен да потпише нов долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но само доколку клубот ги прифати неговите финансиски барања.

Имено, шпанскиот голман бара плата од 300.000 фунти неделно. Тоа е значително зголемување на платата со оглед на фактот дека Де Геа во моментов заработува 200.000 фунти неделно.

Де Геа има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, откако Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата и автоматски му го договорот за нови 12 месеци.

Преговорите помеѓу двете страни се во тек веќе подолг период, но, истите, барем засега не вродија со плод. Останува да видиме дали Јунајтед ќе ги задоволи финансиските барања на голманот.

Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…